На повидок нов голем трансфер – Фиорентина го пушта Влаховиќ во Арсенал? Дали Душко станува ,,топџија,,?!

Loading

Арсенал е лидер во трката на европските великани за потписот на голгетерот на Фиорентина и репрезентацијата на Србија, Душан Влаховиќ.

Челниците на Арсенал и Фиорентина се сретнаа оваа недела во Лондон и разговараа за опциите за потенцијален договор за 21-годишниот српски напаѓач.

Центарфорот на Фиорентина постигна 25 гола во првенството во 2021 година, повеќе од кој било друг играч. Српскиот интернационалец, роден 2000 година, минатата сезона во Серија А постигна 21 гол на 37 настапи и ја потврди својата фантастична форма.

Влаховиќ оваа сезона постигна десет гола, осум во првенството и два во Купот на Италија.

Фиорентина не успеа да го убеди да потпише нов договор, па сака да го продаде по најдобра можна цена.

Многу европски великани се во трка за Влаховиќ, а сега Џанлука Ди Марсио од Скај Италија известува дека Арсенал ги засилува напорите да победи во трката за Влаховиќ.

Извршниот директор на Фиорентина Џо Бароне и Даниела Прада се верува дека биле во Лондон оваа недела за да се сретнат со топџиите за да разговараат за потенцијалниот договор.

Се претпоставува дека Фиорентина му кажала на Арсенал дека сака 68 милиони фунти (80 милиони евра) за да се согласи на продажба, а топџиите се согласиле да платат на одредени рати, пишува „Дејли експрес“.

Се очекува Александар Лаказет да го напушти Арсенал во наредните месеци, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

На Арсенал ќе му треба помош во нападот и сега се чини дека Влаховиќ е човекот со кого Микел Артета сака да потпише и кој би му бил партнер на Обамејанг во шпицот на топџиите.

На Арсенал конечно му тргна во шампионатот и Артета доби одврзани раце. Неговата желба е српскиот голгетер Душан Влаховиќ…