На повидог е формирање балканска фудбалска лига, победникот ќе игра во ЛШ!

Loading

Најдобрите клубови од поранешната заедничка држава Југославија можно е повторно да заиграат во иста лига.

клубови

УЕФА даде поддршка за формирање на балканска лига во која би учествувале 12 клубови од поранешна Југославија.

Европската куќа на фудбалот исто така ќе ја помогне таквата лига со 3 милиони евра, а шампионот ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора би имале по еден претставник, БиХ два клуба, а најмногу претставници би имале Србија и Хрватска (три или четири).

југославија

Првичниот план на УЕФА е лигата да почне од наредната 2017/18 сезона.