Со двата натпревара што се играат вечерва ќе почнат полуфиналните дуели од кошаркарскиот плејоф во борба за шампионската титула на Македонија.
Првакот МЗТ Скопје Аеродорм е домаќин на тимот на Фени Индустри од Кавадарци и ја има фаворитската улога во овој дуел.
Во регуларниот дел од сезоната МЗТ Скопје победи на сите четири дуели. Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Во истиот термин во СЦ „Борис Трајковски“ второпласираниот Карпош Соколи е домаќин на вицепрвакот Куманово. Натпреварите од регуларниот дел од сезоната на овие два тима донесоа многу неизвесност, а Куманово имаше подобар скор од 3-1 во победи.
И двете серии почнуваат без предност 0-0 и се игра во три добиени натпревар.