Аргентинецот ги изненади сите со тоа што реши да ја прифати понудата на Рома откако беше блиску до потпис за Интер.
Сепак, Дибала во последен момент се предомисли и реши да ја прифати понудата на римскиот клуб, а се очекува „Вулчицата“ денеска и официјално да го објави доаѓањето на големото засилување.
Дибала ќе потпише тригодишен договор со Рома според кој ќе заработува околу шест милиони евра годишно.
Наводно, Аргентинецот се предомислил по повикот на Жозе Мурињо, кој успеал да го убеди да дојде во Рома.
Дибала веќе пристигна на лекарски прегледи и се очекува Рома да го официјализира неговото доаѓање до крајот на денот.
Се шпекулира и дека Дибала во Рома ќе го носи бројот десет, кој никој не го зема откако Франческо Тоти ја заврши кариерата пред пет години.
Сепак, самиот Тоти изјави дека нема ништо против Дибала да го земе бројот што го носеше повеќе од 20 години, а за кој многумина веруваа дека Рома ќе се повлече од употреба, но тоа не се случи.
Ќе биде огромен притисок за Дибала да ги оправда очекувањата бидејќи е јасно каква тежина има бројката десет во Рома.