Мурињо до Погба: Потрошивме богатство за тебе, а ти се однесуваш како манекен!

Loading

Жозе Мурињо, менаџерот на „црвените ѓаволи“ јавно го опомена Пол Погба за играта која ја покажа во средниот ред во Ливерул.

мурињо-погба

За Пол Погба навистина се доби впечаток дека е надигран од противничките фудбалери.

,, Ако Ибрахимовиќ го дадеше голот, тоа ќе беше крај. Пасот на Погба беше одличен, но искрено, јас очекував многу повеќе од него.

,,Очекував многу повеќе акција и движење на позицијата на која играше Погба, бевме одлични, но штета е што не постигнавме гол.

,,Навистина мислев дека Златан нема да погреши во таа ситуација, – истакна Мурињо, додавајќи дека бил посебно импресиониран од изданието на Ешли Јанг.

,,Најсреќен сум за Ешли Јанг, перформансот кој тој го имаше може да се оствари само ако тренирате на феноменален начин.

,,Ако не играте, немате сила за цел натпревар, но ако не тренирате добро, тогаш не тренирате за да се најдете на теренот.

,,Јанг беше неверојатен, а истото знам дека ќе го добијам и од Карик кој кога ќе ми биде потребен, знам дека ќе одговори перфектно на теренот заврши Мурињо.

Со овој бод Манчестер Јунајтер падна на 7-та позиција со 14 бода, додека Ливерпул со 18 се наоѓа на 4-тото место во Премиерлигата.

Инсерти од мечот…