Моето враќање во рингот ќе биде најголемото во историјата на овој спорт!

На 11 јули оваа година во боксерскиот ринг на 48 години се враќа легендарниот мексиканец ОСКАР ДЕ ЛА ХОЈА. Во камбек борбата ракавиците ќе ги вкрсти со Витор Белфорт, поранешна ММА Mвезда.

“Се чувствувам одлично. Имав 15 години да го одморам левиот директ. Го ставив во трезор и сега се вратив во акција. Белфорт е одлично момче, ќе видиме. Подготвив добра тактика за него, брзината ќе биде клучна “, рече Де ла Хоја.

Американецот со потекло од Мексико беше шампион во неколку категории, последен пат во 2007 година, кога ја загуби титулата во ВБЦ во полутешка категорија со поделена судиска одлука од Флојд Мејведер. Потоа дополнително го победи Стив Форбс, загуби од Мани Пакјао во 2008 година и се пензионираше.

Де Ла Хоја планира да направи три борби.

“Сакам мојот кам-бек да биде најголем во историјата на спортот. Прво мора да го победам Белфорт. Не можам да кажам дека сум исплашен, но се прашувам во што влегов. Имам самодоверба, ќе одам во тој натпревар и ќе се борам. Потоа целта е Андерсон Силва, а потоа, ако моето тело се чувствува добро, веднаш ќе го повикам Флојд Мејведер. Мислам дека можам и натпреварот може да се организира. На него се му се врти околу парите, зар не? Мислам дека има многу пари кои ќе го наведат на тој натпревар. И јас можам да го победам, зошто да не? Јас го победив првиот пат “, рече Де Ла Хоја, кој верува дека бил ограбен во 2007 година против непоразениот Мејведер.