Една од најмоќните жени во светот на спортот е Мирославa Миркa Федерер, која со години е најголемиот поддржувач на легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер.
Можеби би пишувале повеќе за неа како познатa тенисерка, а не како сопруга на Роџер, само да немаше хронична повреда, поради што и стави крај на кариерата.
Во текот на нејзината професионална тениска кариера, стигна до неколку четвртфиналиња на ВТА турнирите, а нејзината најдобра позиција на ВТА листата беше 76-то место, до кое стигна на 10 септември 2001 година.
Пласмано во 3.коло на УС Опен во 2001 година беше нејзин најдобар резултат на Грен слем турнирите, а една година пред тоа ја претставуваше Швајцарија на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година.
Мирка од професионалниот тенис се прости во 2002 година поради хронична повреда на стапалото, а во кариерата оствари победи и над високи тенисерки како Барбара Шет и Џастин Енан.
Таа и Федерер се запознаа на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година и оттогаш се во врска, а Мирка по повлекувањето од професионалниот тенис во 2002 година ја презеде улогата на менаџер на Федерер.
Пред повеќе од една деценија, на 11 април 2009 година, долгогодишната врска ја крунисаа со брак, а на 23 јули 2009 година ги добија близнаците Мајло Роуз и Шарлин Рива. Пет години подоцна, Мирка ги роди и близнаците Лени и Лео.
Инаку, Мирка е од многу богато семејство, а еден детаљ, поточно „познанство“ од младоста и го одбележа животот пред кобната средба со сегашниот сопруг.
Имено, Мирка во тој момент всушност била зафатена, била свршена со богат Арап. Сепак, животот имаше поинаков план за неа, па таа заврши во прегратките на Федерер.
Влегоа во романсата, иако Роџер тогаш не бил свесен дека Мирка всушност била свршена со богат арапски султан во тоа време.
Кога сфатила дека е вљубена во Роџер, Мирка ја раскинала свршувачката која потоа успеала да ја сокрие од јавноста.
Секако, таа никогаш не даваше повод за сензационалистички приказни, бидејќи на сите јавни настапи беше одмерена и не изнесуваше информации од приватниот живот.
Секако, овој детаљ од нејзината младост заинтригира многумина, но и даде значење на нејзината и љубовта на Роџер, која произлезе од нејзината љубов кон спортот.
Мирка не сака да се експонира ниту на социјалните мрежи, а за нејзините хуманитарни активности често дознаваме од светските медиуми.
Таа моментално е целосно посветена на својот сопруг кој се труди да се врати на терените во најдобра можна форма, па се појавија информации дека и Мирка го зела рекетот во раце…