Металург без половина тим на мегдан со Војводина

Loading

Ренато Вугринец

Екипата на Металург отпатува за Нови Сад, каде утре ќе одигра нов натпревар во рамките од СЕХА-лигата, овојпат против српскиот состав Војводина. Македонскиот шампион важи за голем фаворит за освојување на бодовите на овој натпревар, но тренерот Лино Червар реши да продолжи со навиката да го ротира тимот кога станува збор за средбите од ова регионално натпреварување.

Затоа, „металурзите“ повторно отпатуваа на едно гостување без половина тим, откако Червар реши да ги остави дома Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, браќата Маркоски, како и Ренато Вугринец и Павел Атман. Без оглед на отсуствата, Металург предводен од Миркуловски, Циндриќ и Манасков поседува доволно квалитет за да слави во Нови Сад и да ја забележи третата победа во ова натпреварување. Само за потсетување, македонскиот првак има скор од две победи и два порази во првите четири одиграни натпревари, додека Војводина е последна на табелата со две реми и пет порази на досегашните седум меча.

Мечот Војводина – Металург е на програмата утре, со почеток во 19.30 часот.