Мастерс 1000 Мадрид: Ноле, Рафа, Марај и Бердих без проблеми во 1/4 финале, Цибулкова прва финалистка!

Loading

На АТП и ВТА турнирот во Мадрид познати се четвртфиналните двојки.

mutua-madrid-open-2016

Кај мажите Надал го елиминираше американецот Сем Квери со 6:4, 6:2 и во четвртфиналето ќе се сретне со Соуза, кој го победи американецот Џек Сок со 6:1,  6:7 и 6:2.

Шампионот од 2011 година и лидер на светската АТП листа, Новак Џоковиќ исто така обезбеди четвртфинале победувајќи го Роберто Баутиста Агут од Шпанија со 6:2, 6:1.

Ова беше четврта победа на Џоковиќ против Роберто Баутиста Агут во 4 натпревари помеѓу двајцата. Србинот ја запиша вкупно 30-та  победа од почетокот на годината, а има само 2 порази во сезоната.

Во 1/4-финалето Џоковиќ ќе игра со Милош Раониќ кој беше подобар од Цонга со 6-4 и 6-4. Кеј Нишикори го победи Ришар Гаске од Франција со 6:4, 7:5 за прва победа против французинот во 7-от натпревар меѓу нив.

Нишикори во 1/4 финалето ќе се сретне со австралијанецот Ник Киргиос, кој беше подобар од Пабло Куелјас од Уругвај со 7:6, 6:4 и 6:3.

Томаш Бердих го победи Давид Ферер со 7:6 и 7:5 и ќе се сретне со Енди Мареј во четвртфиналето на турнирот откако го елиминираше Жил Симон од Франција, со 6:4, 6:2.

Кај дамите во полуфиналето ќе играат Цибулкова-Чирико и Стосур-Халеп.