Фудбалска Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.
На средбата од Д групата на арената „Филип Втори“ во Скопје, македонските фудбалери загубија од Израел со 2:1.
Иако беа подобар противник речиси во текот на целиот меч, создавајќи бројни шанси за гол, сепак македонските фудбалери на крајот мораа да подадат рака на противникот.
Горан Пандев имаше две идеални шанси за гол да ја доведе Македонија во водство, а своја шанса имаше и Илија Несторовски, но мрежата на израелскиот голман Давид Гошен остана несовладана.
Следуваше казната за пропуштените шанси, Израелците со головите на Томер Хамед во 25-минута и Тал Бен Чаим во 43 за водство од 2-0.
Во вториот дел селекторот Игор Ангеловски со трите измени го засили средниот ред и нападот, со што опсадата на голот на Израел траеше континуирано.
Конечно, таквата игра резултира со голот на Илија Несторовски во 63-минута.
Се обидуваа постојано „рисовите„ да стигнат и до израмнување, а шанса им се укажа во последната 4-та минута од судиското надополнување.
Елтиан Тиби го собори Несторовски во шеснаесетникот на Израел, а судијата Андре Маринер досуди пенал, притоа покажувајќи црвен картон на израелскиот дефанзивец.
Одговорноста, да се изведе најстрогата казна ја презеде Адис Јаховиќ, но неговиот удар го одбрани голманот Гошен за конечни 1-2.
Веќе в недела Македонија ја очекува нов дуел од квалификациите.
Следен кој ќе дојде на Филип 2 во Скопје е Италија која во Скопје ќе допатува во најсилен состав. Дуелот ќе започне во 20 часот и 45 минути.
Во другите средби од нашата група, во дербито Италија и Шпанија одиграа 1-1, а Албанија нагости го победи Лихтенштајн со 2-0.
Инсерти од мечот…