Мајк Тајсон ги шокираше сите со најновата изјава – Еве што кажа за својата мајка!

Loading

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон ги шокираше сите со својата најнова изјава!

Никогаш не му претставувало проблем без двоумење да зборува за најтешките работи во животот низ кои поминал во текот на исклучително турбулентниот живот, а тоа го направи и овој пат.

Сепак, оваа изјава го шокираше светот на спортот …

– Една од најдобрите работи што ми се случија беше смртта на мајка ми. Таа секогаш се грижеше за мене како бебе, никогаш немаше да се впуштам во улични тепачки, никогаш не би се бранел – изјавил Тајсон во еден од подкастите, додавајќи дека никогаш не би направил кариера во боксот доколку тоа не се случеше.

Мајката на Тајсон почина кога најмладиот шампион во тешка категорија во историјата имаше само 16 години, а неговиот тогашен тренер Кус Дамато го доби старателството.

– На 14 години мислев дека можам да бидам светски шампион. Освојував државни првенства, соборував рекорди со нокаут… Кога станав професионалец целиот мој живот се промени и освоив се.

Во последниве години, Тајсон се обидува да го подигне бизнисот со медицинска марихуана на високо ниво.

– Почнав да користам марихуана во 1997 година и оттогаш не можам да престанам. Отсекогаш ги знаев придобивките, но беше незаконски. Јас сум друга личност кога не ја користам. Моите најголеми сили се моите недостатоци. Без нив јас сум ништо. Немав проблеми со мааните, само ако не знаеш дека ги имаш – изјави Тајсон.