ВИДЕО: Ваков фудбалски терен не сте виделе – Некој пијан го цртал кругот на центарот!

Loading

Често се појавуваат слики и видеа од фудбалските терени ширум планетата, каде може да се види на какви терени играат одредени клубови.

Сепак, последното видео кое пристигна од Бразил е приказна сама по себе!

Имено, на социјалните мрежи вирално стана видеото од почетокот на натпреварот помеѓу два нисколигашки клуба од оваа јужноамериканска земја, кои се среќаваат на теренот каде што катастрофално беше исцртан кругот на центарот на теренот …

На крајот на краиштата, огромното прашање е дали ова можеме да го наречеме круг, а социјалните мрежи веќе коментираат дека ова е можеби најлошо нацртаниот центар на еден фудбалски терен досега.

Проценете сами…