ЛШ: ПСЖ, Арсенал, Баерн и Атлетико се првите 1/8 финалисти!

Loading

Синоќа се одиграа 8 средби од 4.коло во Лигата на фудбалските шампиони во групите А, Б, Ц и Д.

лига шампиони

По ова коло во групната фаза, познати се четири тима кои веќе обезбедија пласман во 1/8 финалето во фудбалската Лига на шампиони.

Тоа се екипите на Арсенал, Париз Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, кои со синоќешните победи направија недостижна предност во однос на конкурентите за првите две места.

А група: Лудогорец – Арсенал 2:3, Базел – ПСЖ 1:2.
Табела: Арсенал 10 бодови, ПСЖ 10, Лудогорец 1, Базел 1.

Б група: Бешикташ – Наполи 1:1, Бенфика – Динамо Киев 1:0.
Табела: Наполи 7, Бенфика 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1.

Ц група: Манчестер Сити – Барселона 3:1, Борусија Менхенгладбах – Селтик 1:1.
Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 7, Борусија Менхенгладбах 4, Селтик 2.

Д група: ПСВ Ајндховен – Баерн Минхен 1:2, Атлетико Мадрид – Ростов 2:1.
Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, ПСВ Ајндховен 1, Ростов 1.

Вечерва ќе се играат останатите 8  натпревари од групите Е, Ф, Г и Х за комплетирање на ова 4.коло.

Натпреварите се играат од 20 часот и 45 минути.

Инсерти од синоќешните средби…