Динамо Загреб, Копенхаген, Манчестер Сити, Ростов и Борусија Менхенгладбах го комплетираа составот на учесници во Лигата на шампионите, во сезоната 2016/2017.
Динамо Загреб шести пат избори пласман во Лигата на шампионите, откако во драматичен меч, по продолженијата славеше во Салцбург со 2-1.
Австрискиот тим имаше предност од 22.минута кога Лазар го совлада Едуардо и водството го одржуваше се до 87.минута кога Фермандез успеа да израмни.
Во продолженијата, Фернандез му асистираше на Судани во 95.минута за победа на Динамо и пласман во фазата по групи.
Манчестер Сити рутински го одработи реваншот против Стеауа. Со комбиниран тим Сити победи минимално со голот на Делф и со вкупни 6-0 се пласира во елитата.
Борусија, во Менхенгладбах го декласира Јанг Бојс со 6-1, а хет трик постигнаа Бразилецот Рафаел де Араухо и Белгиецот Торген Азар.
АПОЕЛ против Копенхаген не успеа да надомести негатива од еден гол и да избори барем продолженија. Кипарскиот тим имаше водствот од 69.минута кога гол постигна Сотиру, но на четири минути пред крајот израмни Сантандер.
Ростов ќе дебитира во фазата по групи откако на импресивен начин го елиминира Ајакс. По 1-1 во Холандија рускиот тим славеше како домаќин со 4-1.