Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа без голови 0:0 во првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони што се одигра на стадионот Етихад.
На дуелот во Манчестер, првиот дел мина без поголеми возбудувања, а во второто полувреме Реал Мадрид имaше три одлични шанси меѓу кои и онаа на Хесе кога топката заврши во гредата од голот на Харт.
Пропуштените можности на „Кралевите’’ можеше да ги казни Де Бруин во третата минута од судиското продолжение, но неговиот удар гостинскиот голман Навас успеа да го одбрани.
Така патникот во финалето во Милано закажано за 28 мај, ќе се решава на реванш дуелот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу’’ во Мадрид следната среда на 4 мај.
Вечерва својот прв дуел од полуфиналето ќе го играат Атлетико Мадрид и Баерн Минхен на стадионот Висенте Калдерон.
Инсерти од мечот…