ЛЕ: Кој против кого во 1/2 финалето – Можно ли е англиско финале?

Loading

Интересни 1/4 финални реванш средби се одиграа и оваа вечер во Лигата на Европа.

Резултати: 

  • Рома-Ајакс 1-1 (2-1)
  • Манчестер Ј – Гранада 2-0 (2-0)
  • Славија Прага – Арсенал 0-4 (1-1)
  • Виљареал – Динамо Загреб 2-1 (1-0)

По денешните средби познати сите полуфинални парови во второто најквалитетно европско клубско натпреварување. Таму ќе се сретнат

  • Манчестер Јунатед – Рома
  • Виљареал – Арсенал

Со исклучок на големата победа на Арсенал нагости во Прага, во другите средби се постигнаа очекуваните резултати, а само Рома „висеше“ против Ајакс до последниот свиреж на судијата.

Првите дуели од полуфиналето во Лига Европа ќе се одиграат на 29 април, додека пак реваншите ќе се одиграат една недела подоцна на 6-ти мај.