ВИДЕО: Па дали си нормална што правиш – Ова е најглупавиот фаул во историјата на фудбалот!

Loading

Квалификацискиот натпревар за жени за Европското првенство во 2022 година беше одбележан со исклучително чуден детал за кој има жестока полемика на социјалните мрежи.

Дефанзивката на Украина Натија Пансула повеќе од очигледно стартуваше врз напаѓачката на Северна Ирска, Сара МекФејден, со намера воопшто да не игра со топка, туку да ја запре противничата со таканаречениот „бодичек“.

Во Северна Ирска се играше 86. минута од натпреварот, на кој домаќините имаа водство од 1:0, а девојките во зелена боја започнаа контранапад, сепак, дефанзивната фудбалерка на Украина беше поблизу до топката и се чинеше дека ја контролира ситуацијата.

Погледна наоколу и ја виде Сара Мекфаден како доаѓаше, а потоа без причина остро се сврти надесно и со тело брутално ја испружи на тревата, а судиката и додели без размислување директен црвен картон.

Украинката не покажа ни најмала намера да игра со топката, иако таа практично беше во нејзина сопственост.

Овој фаул предизвика многу коментари на скоро сите социјални мрежи, а еден корисник на Твитер напиша:

Ова е најглупавиот фаул што некогаш сум го видел!
– Зошто таа не ја шутна само топката? Неверојатно – рекоа други.
– Па, ова е феноменално. Топката беше нејзина, но не, таа реши да го покоси противникот…