Кутињо не мрда никаде – Ливерпул ја одби последната понуда на Барселона (фото)

Loading

Премиерлигашот Ливерпул ја одби понудата од 100 милиони евра што Барселона ја понуди за бразилецот Фелипе Кутињо.

Ливерпул вторпат ја одбива понудата на Барселона откако пред десетина дена „црвените“ не прифатија 85 милиони евра од каталонците.

Клубот од „Енфилд“ се огласи откако каталонските медиуми објавија дека Барселона ги завршила работите за трансферот на Кутињо и дека играчот утре ќе биде преставен на „Ноу Камп“.

Барселона бара адекватна замена за Нејмар, кој замина во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиона евра.