Кристијано вечерва влегува во историјата на ЛШ – Кој рекорд го руши Роналдо?

Loading

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, оваа вечер би можел повторно да влезе во историјата на Лигата на шампионите.

Тоа е многу престижен рекорд. Имено, ако игра против Виљареал, а нема причина да не заигра, ќе стане играч со најмногу одиграни натпревари во елитното натпреварување.

Моментално има 177, исто како и Икер Касиљас, и со настапот на натпреварот кој започнува во 21 часот на „Олд Трафорд“, тој би запишал историја.

По него следуваат споменатите Касиљас, потоа Лионел Меси и Чави со по 151, Рајан Гигс со 145, Раул со 142, Паоло Малдини со 135 и Карим Бензема со 132.

Ронадо, се разбира, е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со вкупно 135 постигнати голови.

Интересно, неговиот настап против Виљареал ќе биде 20-ти во кариерата, а како играч на Реал Мадрид, им дал 13 гола.