Кристијано Роналдо, ќе го напушти својот сегашен клуб Реал Мадрид.
Хорхе Мендеш, менаџерот на португалскиот репрезентативец, веќе некое време е во потрага по нов клуб за Роналдо, а како најсериозни опции се споменуваат Манчестер јунајтед, Манчестер сити и ПСЖ, бидејќи тоа се клубовите кои, наводно, Португалецот најмногу ги сака.
Најдобриот стрелец на мадриѓаните, на овој потег се одлучил поради желбите на челниците на клубот во иднина Герет Бејл да има централна улога и околу него да се формира екипата.
Флорентино Перес смета дека Роналдо е веќе стар и дека ги изгубил брзината и одличните рефлекси, но португалецот со осумте голови на два натпревари покажа дека и понатаму е на врвот.
Дали Роналдо ја игра последната сезона во кралскиот клуб останува да видиме по крајот на претстојната сезона.