Колку заработуваат најплатените фудбалери на планетава – Дали е ова реално?

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе е најплатениот фудбалер во светот, бидејќи во клубот од Париз заработува 1,6 милиони евра неделно, пишува германски „Билд“.

Германскиот весник потсетува дека пред неколку месеци Мбапе го продолжи договорот со шампионот на Франција до јуни 2025 година и дека годишно ќе заработува повеќе од 83 милиони евра!.

„Билд“ ја објави листата на 10-те најплатени фудбалери во светот, а зад Мбапе е неговиот клупски соиграч Лионел Меси, чија неделна заработка изнесува 1,1 милион евра.

На третото место е уште еден играч на ПСЖ, Нејмар, кој има неделна плата од 703.000 евра во францускиот клуб.

Следуваат Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул (464.000), Португалецот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо (446.000) и Белгиецот Кевин Де Бруин од Манчестер Сити (446.000).

Седми на листата на плати е новиот играч на Манчестер Сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд со 435.000 евра, а зад него е голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа (435.000).

Французинот Антоан Гризман, кој е член на Барселона, но игра како позајмен во Атлетико Мадрид, има неделна плата од 413.000 евра, додека листата ја затвора напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски 406.000 евра.