Кој е виновен? Остана сонот за уште еден медал на ЛОИ, откако Дејан Георгиевски остана без норма за Париз!

Loading

Предмалку нашиот најдобар македонски таеквондист Дејан Георгиевски загуби со 1-2 во рунди од белорусинот Плонес и остана без олимписка норма.

Па така Дејан нема да го брани сребрениот медал од Летните Олимписки игри во Токио.

Дејан Георгиевски бркаше олимписка норма на квалификацискиот турнир во Софија и беше запрен во 1/4 финалето.

На тој начин Македонија загуби еден голем адут за освојување на барем еден медал од следните олимписки игри што оваа година ќе се одржуваат во Париз, Франција.

Кој е виновен за овој неуспех??? Сите се прашуваме……

Дали Македонија ќе остане без претставник во таеквондо на олимпискиот турнир во Париз останува да видиме. 

Нашата Милијана Релјиќ утре ќе се обиде да биде единствената таеквондистка која ќе ја пратставува нашата земја во Париз во ова натпреварување.