Со жрепка денеска во Келн беа одредени полуфиналните двојки од Лигата на шампионите во ракомет.
Во полуфиналето на турнирот во Келн на 28 мај ќе играат:
Киелце (Полска) – ПСЖ (Франција) и
Кил (Германија) – Веспрем (Унгарија).
На 29 мај победниците ќе се борат за шампионскиот трофеј, а почетокот на овој дуел е во 18 часот, но како предигра за финалето, поразените од полуфиналните мечеви, ќе играат за 3.место со почеток од 15:15 часот.
Пред извлекувањето на двојките за полуфиналето во ЛШ, беше извршена и жрепката за полуфиналните дуели од Купот на ЕХФ.
На завршниот турнир во Нант предвиден за 14 и 15 мај во полуфиналето ќе играат:
Шамбери (Франција) – Гепинген (Германија) и
Нант (Франција) – Гранолјерс (Шпанија).