Ќе гледаме реприза на финалето од 2015, МЗТ Скопје-Куманово!

Loading

Кошаркарите на Куманово изборија пласман во финалето на плеј-офот, откако во мајсторката во петтиот меч го победија нагости тимот на К.Соколи со 84:73.

kumanovo-2

И оваа сезона за титулата ќе се борат тимовите на Куманово и МЗТ Скопје. Избраниците на Марјан Србиноски сосема заслужено обезбедија место во финалето, уште на стартот имаа водство и одиграа многу подобро од својот противник, кој пак имаше шанса за пресврт.

Во финишот Куманово направи серија од 8-0, а главниот удар го зададе Костоски со тројка за недостижна двоцифрена.

Костоски со 21 поен беше најефикасен кај победникот, на другата страна Шепа имаше 17 поени.

Финалната серија започнува в среда на 18 мај а домаќин ќе биде тимот на МЗТ Скопје.