Британецот Марк Кавендиш од Дименжн дата тимот, стигна до нова победа на популарната велосипедска трка околу Франција Тур Де Френс.
Кавендиш победи на шестата етапа, а жолтата маичка по оваа етапа ја задржа Белгиецот Грег ван Аверме.
Кавендиш ја забележа третата победа годинава, вкупно 29-та во кариерата на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот.
Британецот 190,5 километри долгата етапа од Арпажон сур Сер до Монтубан ја заврши со време од четири часа, 43 минути и 48 секунди.
Денеска се вози 7-мата етапа во должина од 162,5 километри од Лисле Жордан до Лак Де Пајол.