Катар 2022: Се што треба да знаете за баражот – Познати се сите учесници, а еве кои се носителите!

Loading

Чешка не успеа да се пласира во баражот преку квалификациите, откако Велс одигра нерешено со Белгија, но сепак ќе игра бараж поради Лигата на нации.

Ќе играат бараж со Австрија, како селекции кои имаа најдобар резултат во Лигата на нации од репрезентациите кои не исборија бараж.

Десетте најдобри второпласирани селекции од квалификациите заедно со Австрија и Чешка се поделени на носители и неносители.

Носители се: Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска, Велс, а неносители се: Полска, Турција, Македонија, Украина, Австрија, Чешка.

Баражот ќе се игра по системот на три полуфинални групи – четири селекции ќе бидат во три групи и прво ќе се игра полуфиналето, а победникот од секоја група ќе оди на Светското првенство во Катар.

Во групите на турнирите ќе играат, двајца носители и двајца неносители, а носителите нема да играат меѓусебе во полуфиналето.

Исто така, домаќини на турнирот се носители и ќе бидат одредени подоцна.

Домаќините ќе бидат одредени со ждрепка. Извлекувањето е закажано за 26 ноември во 17 часот.

Полуфиналето ќе се игра на 24 март 2022 година, а финалето на 29 март.