Историја во Формула 1 – За него ќе навиваат милијарда луѓе откако Алфа Ромео го доведе првиот Кинез!

Loading

Формула 1 одамна немала ваква неизвесна сезона, а следната би можела да собори бројни рекорди по гледаност. Не можеме да објавиме дека некој друг ќе се приклучи во борбата меѓу Хамилтон и Ферстапен, но луѓето ќе ги интересира најбрзиот караван во светот.

Ова особено ќе биде случај во Кина, бидејќи за прв пат во историјата таа земја ќе има Формула 1 возач!

Младиот Гвању Жу ќе биде вториот возач на Алфа Ромео следната сезона, откако тимот се раздели со Антонио Џовинаци и ги договори условите за соработка со кинескиот автомобилист.

Тој во дебитантската Ф1 сезона ќе му биде клупски колега на Валтери Ботас, кој исто така доаѓа во тој тим. Искусниот Финец ќе биде замена за својот сонародник Кими Раиконен, кој на крајот од оваа сезона ќе се пензионира и повеќе нема да се натпреварува во формула 1.

Гвану е еден од најдобрите возачи во Формула 2 оваа сезона, а на две трки до крајот ја зазема втората позиција во генералниот пласман. Тој го привлече вниманието кон себе со одличните возења, па неговото преминување во друштвото на најдобрите беше сосема очекувано.

„Од детството сонував да го достигнам врвот во спортот што го сакам. Привилегија е да ја започнам мојата кариера во Формула 1 во овој култен тим, кој воведе толку многу млади таленти во овој спорт“, изјави Жу.

Џовинаци не беше задоволен од раскинувањето на соработката со Алфа Ромео, кој смета дека парите имале главна улога во тоа што младиот кинески возач упаднал наместо него.

Со појавувањето на кинескиот Формула 1 возач, тој сигурно ќе добие многу поголема популарност во најнаселената земја во светот.