Камбекот на Федерер ќе се случи на почетокот од 2017 година

Loading

Швајцарецот Роџер Федерер ќе се врати на терени на почетокот на 2017 година.

федерер хејл

Федерер ќе биде подготвен за настап на Хофман Купот, кој ќе се игра во Перт на почетокот на новата година, од 1 до 7 јануари 2017.

Тој турнир треба да биде увертира на првиот Гренд слем во годината Австралија опен што ќе се игра во Мелбурн.

Некогаш најдорбиот светски тенисер Федерар успешно се опоравува од операцијата на коленото.

Повреда поради која го пропушти УС Опен.

Последен меч кој го одиграл 35-годишниот Швајцарец е полуфиналето на Вимблдон, во кое загуби од Милош Раониќ.

По тој дуел Роџер замина на операција, што значеше и крај на оваа 2016 сезона.

Федерар во својата кариера има 17 титули од Гренд слем турнирите, во Перт ќе настапи заедно со Белинда Бенчиќ и ќе се обиде да го освои турнирот.