Како би можела да изгледа Барселона следната сезона (фото)

Ова лето може да биде пресудно за Барселона. Лионел Меси, откако Барселона испадна од Лигата на Шампионите упати порака до клубот дека сака големи промени во играчкиот кадар, но промената дојде на клупата, бидејќи Луис Енрике го замени Ернесто Валверде.

Barcelona

Се очекува, каталонскиот гигант во тековниот трансфер период да донесе три или четири играчи, но да биде тоа играч кој веднаш може да се влезе во првите 11.

Досега најблиску до Барселона е Хектор Белерин од Арсенал кој треба да го реши најголемиот проблем на Валверде на позицијата десен бек.

Во поголемиот дел од минатата сезона, на оваа позиција играше Серџо Роберто, но сигурно е дека тој ќе се врати од следната сезона во средниот ред за да ослободи место за Белерин.

Тој е роден во Барселона, а во Лондон замина во 2011 година токму од фудбалската школа на Барселона.

Последните неколку сезони Барселона има проблем во средниот ред и ова лето сака да го реши тоа со Марко Верати од ПСЖ.

Наводно Барселона и одличниот италијански репрезентативец веќе се договориле, но ПСЖ (сеуште) одбива да го продаде еден од своите најдобри играчи.

Замислете го само средниот ред со Варатим, Серхио Бускетс и Меси кој Валверде го гледа како офанзивен играч од средниот ред!

Каталонците преговараат и со Осман Дембеле, 20-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Во него, Барселона го гледаат наследникот на Меси и на наградата Златна топка.

Барселона го сака Дембеле, и тој сака трансфер, но проблемот е ист како и со Верати, Борусија вели дека французинот не е на продажба.

barsa

Очигледно дека Барселона ќе треба да достави нова понуда до Борусија и да ги ,,извади од чевли,, германците.

А на клупата… Кај овие момци нема повеќе место за легендата на клубот Андрес Иниеста, Иван Ракитиќ, Џерард Делофеу и Андре Гомес.

Валверде не сака овие играчи да ги продаде, но во други тимови би биле клучни и важни играчи.