И во 3.коло продолжи победничката серија на ОК Вардар во плејофот – Совладан ГОК Борец во гости со 3-0!

Loading

Одбојкарите на Вардар со нова победа нагости се враќаат од Велес, откако со убедливи 3-0 славеа над ГОК Борец во рамките на 3.коло од разигрувањето за титулата во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

Неизвесност имаше само во првиот сет кој по голема броба го доби скопскиот тим со 26-24, а потоа следуваше уште подобра игра на ОК Вардар кој со убеливи сетови од 25-17 и 25-20 во третиот сет да слави во Велес над ривалот ГОК Борец со убедливи 3-0 во сетови.

Ова за ОК Вардар е трета победа по ред во 3.коло од плејофот во мак одбојката и со 27 бода се зацврсти на второто место на табелата зад лидерот Струмица.

Мора да се напомене дека ОК Вардар играше ослабено без средниот блокер Ристо Клопчевски кој не можеше да им помогне на црвено-црните поради настинка.

Во следното 4.коло ОК Вардар игра повторно на гостински терен и тоа во Тетово против Лирија.

ТАБЕЛА:

Струмица 39,
Вардар 27,
Универзитет во Tетово 26,
Шкендија 25,
Борец 22,
Лирија 17.