Додека газдата на ПСЖ го кршеше инвентарот кај судијата, во соблекувалната тепачка!

Loading

На парижаните не им беа доволни 1:0 од првиот меч и водството од 1:0 во Мадрид на полувремето, па на крајот загубија од Реал со 3:1 и испаднаа од Лигата на шампионите.

Карим Бензема ги дотолчи со хет-трик, а парижаните се жалеа на првиот гол на францускиот напаѓач.

По натпреварот сите од таборот на ПСЖ ги делеа мислењата дека Бензема го фаулираше Донарума при првиот гол, кога тој му ја одзеде топката.

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи отиде чекор подалеку и по мечот влезе во соблекувалната кај судиите, пренесуваат „Марка“ и „Мувистар“.

Тие наведуваат дека ги нападнал Даниел Орсат и делегатот на натпреварот при што го искршил инвентарот на стадионот на Реал Мадрид.

Сè било пријавено во УЕФА, која побарала видео записи за да започне истрага.

Тешко беше да се одвои од соблекувалната и просторијата во која беше делегатот, пренесува „Мувистар“.

Според информациите кои доаѓаат странските медиуми, Нејмар и Донарума се судриле во соблекувалната откако Бразилецот почнал да му одбројува на својот италијански колега поради грешката при првиот гол на Бензема.

Наводно имало и физичка пресметка меѓу нив двајца, па соиграчите едвај ги разделиле. Донарума не се предаде, но самиот го обвини Нејмар дека ја загубил топката што доведе до вториот гол на Реал.