Неверојатна ситуација се случи во Англија. Мечот помеѓу Брајтон и Арсенал беше откажан поради бизарна грешка на гостинскиот тим.
Средбата која требаше да се игра во првата лига за играчи до 18 години на југот на Англија, во гратче покрај морето, беше одложена бидејќи Арсенал помина 150 километри и пристигна во друг град.
Изгледа неверојатно, но Арсенал со автобус пристигна во Борнмаут од Лондон.
Кога ја сфатиле грешката, претставниците на клубот ги повикале колегите од Брајтон да ги прашаат за одложување на стартот.
Arsenal’s under-18s game with Brighton was postponed today after the team coach travelled to Bournemouth instead of Brighton 🚌😅
Wonder what their head coach Jack Wilshere thought when they realised the mistake 😳 pic.twitter.com/lB7EiGwWrr
— SPORTbible (@sportbible) November 4, 2023
Но, бидејќи ќе треба да поминат уште 155 километри за да стигнат до тој град, донесена е одлука за откажување на натпреварот.
Во наредниот период ќе се знае дали Арсенал ќе биде казнет или пак натпреварот ќе се игра подоцна.