(ВИДЕО) Јунајтед го плати 100 милиони, а тој се брука за сите пари – Фановите разочарани и бесни!

Loading

Кога пристигна од Ајакс за 100 милиони евра, навивачите на Манчестер Јунајтед во Бразилецот Ентони видоа некој кој ќе го врати клубот на врвот на англискиот и европскиот фудбал.

фото: Matthew Peters/Manchester United via Getty Images)

Наместо тоа, доживеаја огромно разочарување, а Бразилецот стана еден од најомразените играчи во моментов на „Олд Трафорд“.

Затоа на многу навивачи не им беше јасна одлуката на тренерот Ерик Тен Хаг да го вклучи во стартниот список пред мечот со Фулам.

Бразилецот уште еднаш не импресионираше со својата игра. Никогаш не успеа да ја пробие одбраната на Фулам, а навивачите посебно го истакнуваат деталот од 18. минута кога најпрвин се обиде со лоша пета да им ја испрати топката на соиграчите.

Потоа во обидот да го спречи контра нападот на Фулам направи лош лизгачки старт…

Поради ваквата лоша игра, прво беше заменет во 63. минута.

ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

И покрај тоа, навивачите на Јунајтед имаат барем малку причини за задоволство. Стигнаа до победата со голот на Бруно Фернандеш на крајот од мечот со 1:0.