Актуелниот формула 1 шампион британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес АМГ стигна до нова победа во шампионатот вкупно 6-та оваа сезона.
Луис со оваа победа на 11 трка во сезоната што се возеше на патеката Спа во Белгија ја зголеми предноста во однос на тимскиот колега Нико Розберг.
Германецот Розберг лошо стартуваше откако од втората падна на петтата позиција и прерано си ги загуби шансите за триумф, иако се врати на второто место, имаше преголемо заостанување за Хамилтон.
Сепак најголем губитник на трката Спа е Себастијан Фетел од Ферари, кој се реши за тактика со едно влегување во питстоп и беше на добар пат да го освои третото место, но во препоследниот круг поради пукање на еден од пневматиците остана без пласман и бодови.
Па така на крајот третото место и на подиумот заврши возачот на Лотус Рено французинот Роман Грожан.
Бодови уште на денешната трка освоија Даниел Квјат, Серхио Перез, Фелипе Маса, Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Валтери Ботас и Маркус Ериксон.
Во генералниот пласман Хамилтон води со 227 бода, пред Розберг со 199 и Фетел со 160 бода. Кај конструкторите Мерцедес е прв со 426 бода, пред Ферари со 242 и Вилијамс со 161.
Следната 12 трка во шампионатот се вози на 6 септември на патеката Монца во Италија.