Најтрофејниот италијански клуб Милан има нов тренер за новата 2025/26 сезона…..
Како што објави Фабрицио Романо, Милан и Алегри се договориле за соработка, а тоа значи враќање во клубот што го донесе Скудетото!
Макс ќе потпише петгодишен договор со „росонерите“ вреден три милиони евра по сезона!
Значи, Алегри ќе биде тренер на Лука Јовиќ и Страхиња Павловиќ, а тој веќе има искуство со српски фудбалери, бидејќи долго време работеше со Душан Влаховиќ во Јувентус.