Голманот на Милан Кристијан Абијати реши да стави крај на кариерата!

Loading

Ветеранот на Милан, голманот Кристијан Абијати, заминува во пензија по крајот на сезоната во Италија.

AC Milan v AS Roma - Serie A

Со 38 години реши да стави крај на успешна кариера во која најдолго стоеше на голот на Милан. Со исклучок на почетокот кога од 1994 до 1998 година беше играч на Монца, тој 18 години беше дел од „росонерите“.

Имаше и три сезони во кои беше позајмен во други тимови. Во сезоната 2005/2006 беше играч на Јувентус, следната на Торино, а година потоа на Атлетико Мадрид.

Во другите 15 години бранеше за Милан Абијати освои три титули во првенството на Италија. Тој победи со Милан во 1999, 2004 и 2011 во Серија А.

Во Купот на Италија го освои трофејот во 2003 година, додека во 2004 и во 2011 година има златен медал од Супер купот на Италија.

Абијати има една титула и во Лигата на шампионите и тоа во сезоната 2002/2003 кога беше и една од најуспешните сезони за Милан.

abbiati1

Во истата година тимот дојде и до трофеј во Супер купот на УЕФА, додека на Интерконтиненталниот куп заврши каков втор бидејќи Милан загуби во финалето од Бока Јуниорс.

За Италија бранеше само на 4 средби. Сепак, беше дел од Европското првенство во 2000 година, кога Италија играше во финалето, но загуби од Франција.

До крајот на играчката кариера му останува уште еден меч и тоа во финалето од Купот на Италија против Јувентус в сабота.