Голема чест за овој судија кој прв ќе ја дели правдата на ЕВРО 2016!

Унгарскиот судија Виктор Кашаи ја доби честа да ја дели правдата на отворањето на Европското првенство во Франција 2016.

виктор

Во првиот меч на континенталниот шампионат се соочуваат домаќинот Франција и Романија, а стартот на натпреварот е закажан за утре во 21 часот и ќе се игра на стадионот Стад Де Франс.

Кашаи е познат по контроверзната одлука на последното првенство во 2012 кога не призна регуларен погодок за Украина на мечот против Англија.