Копа Америка 2016 – Бразил го уништи Хаити, Еквадор и Перу одиграа реми!

На Копа Америка се одигра 2.коло и во групата Б каде Бразил го уништи Хаити со убедливи 7-1, додека Еквадор и Перу одиграа нерешено 2-2.

кутињо

Бразилците ја наполнија мрежата на Хаити, а нивниот голман имаше добар натпревар иако изгледа чудно да се каже така кога ќе прими дури 7 гола во својата мрежа.

Кутињо со хет-трик беше главниот играч на мечот, тој ја отвори и затвори серијата на Бразил.

Аугусто постигна два, по еден реализираа Габриел и Лима. Почесниот гол за Хаити беше дело на Марселин.

бразил

На вториот меч Еквадор и Перу ремизираа 2-2. Перу имаше убаво водство од 2-0 со головите на Куева и Флорес.

еквадор-перу

Пред крајот на првиот дел Валенсија го врати Еквадор во живот, а на почетокот од второто полувреме Боланос изедначи и ги постави конечните 2-2.

Во оваа група Бразил и Перу имаат по 4 бода додека Еквадор има 2, а Хаити е без бодови.

еквадор-перу1

Вечерва на програмата се дуелите од групата Ц од 2.коло каде се среќаваат Мексико-Јамајка и Уругвај-Венецуела.