Унгарскиот судија Виктор Кашаи ја доби честа да ја дели правдата на отворањето на Европското првенство во Франција 2016.
Во првиот меч на континенталниот шампионат се соочуваат домаќинот Франција и Романија, а стартот на натпреварот е закажан за утре во 21 часот и ќе се игра на стадионот Стад Де Франс.
Кашаи е познат по контроверзната одлука на последното првенство во 2012 кога не призна регуларен погодок за Украина на мечот против Англија.