Германец на клупата на Јунајтед – Овој тренер ќе го замени Солскјер до крајот на сезоната!

Loading

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед официјално го претстави Ралф Рагник за привремен тренер до крајот на сезоната.

фото:Profimedia

„Возбуден сум што ќе му се приклучам на Манчестер Јунајтед и фокусиран сум на тоа оваа сезона да биде успешна за клубот. Тимот е полн со таленти, има одличен баланс на младост и искуство. Сите мои напори во следните шест месеци ќе ги фокусирам на помагајќи им на овие играчи да го достигнат својот потенцијал, индивидуално и уште поважно како тим“, рече Рагник.

Германецот на клупата го замени неодамна отпуштениот Оле Гунар Солскјер.

“Ралф е еден од најпочитуваните тренери и иноватори во европскиот фудбал. Тој беше наш главен кандидат за привремен менаџер, поради непроценливото лидерство и техничките вештини што ќе ги донесе по речиси четири децении тренерско и менаџерско искуство. Сите во клубот со нетрпение очекуваат да работат со него, до крајот на сезоната, а потоа уште две години како советник“, изјави спортскиот директор на Јунајтед, Џон Мурто.

Во меѓувреме, Јунајтед беше предводен од соработникот на Солскер, Мајкл Керик, со кого „црвените ѓаволи“ го победија Виљареал (2:0) во Лигата на шампионите, а потоа ремизираа со Челзи (1:1) во Премиер лигата.

Карик ќе го води првиот тим на Јунајтед додека Рагник не добие работна дозвола во Велика Британија.