Француски новинар ни открива – Меси е несреќен во ПСЖ и сака да си оди!

Loading

Очајна е атмосферата во ПСЖ по елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

фото: David Ramos / Getty Images

Дефект на системот. По болниот пораз од Реал Мадрид (3:1) во реваншот од осминафиналето и шокантната елиминација од најсилното европско натпреварување, кај францускиот тим владее големо незадоволство.

Францускиот новинар Ромен Молина открива дека Лионел Меси е очаен и сака да го напушти тимот.

“Меси е несреќен во Париз. Кој и да каже поинаку лаже. Меси сака да го напушти ПСЖ и не е единствениот”, откри Молина.

Меси минатото лето пристигна во Париз како слободен играч и доби годишна плата од неверојатни 35 милиони евра.

Меси сака да си замине. Мбапе сигурно заминува. Од друга страна клубот сака да се ослободи од Нејмар, но никој не сака да го доведе поради високата плата, па тој ќе остане.

фото: AFP

Ќе си заминат и тренерот Маурисио Покетино, спортски директор Леонардо и претседателот на клубот Насер Ал Келаифи“, тврди францускиот новинар.