(ФОТО) Спој кој никој не го очекуваше – Енди Мареј ја вклучи во тимот докторката која мажите ја обожуваа!

Во светот на спортот деновиве се случи интересна комбинација која никој не ја очекуваше.

Британскиот тенисер Енди Мареј во последните неколку години имаше големи здравствени проблеми, поради што отпадна од 100-те најдобри тенисери во светот и падна на 839. место, па дури и размислуваше да стави крај на кариерата.

Тој потоа замина на операција на колкот, а успеа да се врати на големата сцена каде се обидува да се избори за тенискиот „последен танц“.

Моментално е 78-ми на планетата, а во Мадрид требаше да игра против Новак Џоковиќ, но сепак мораше да се повлече пред мечот поради болест.

34-годишниот тенисер потоа се повлече од Мастерсот во Рим, а британските медиуми пишуваат за начинот на кој Енди се обидува да ја продолжи кариерата.

Водечките медиуми од островот наведуваат дека Мареј заминал кај познатата докторка Ева Карнеиро, која беше позната како член на медицинскиот тим на Челзи, каде стекна голема популарност, пред се кај машката публика.

Таа го напушти клубот од Лондон по расправија со тогашниот тренер Жозе Мурињо, а сега му помага на Шкотланѓанецот во обидот барем да се доближи до самиот врв на светскиот тенис.