ФОТО: Костобраните на Роналдо станаа хит на интернет!

Loading

Манчестер Јунајтед загуби два скапоцени бода на „Олд Трафорд“ во натпреварот со Евертон (1:1), а Кристијано Роналдо го започна натпреварот на клупата.

Оле Гунар Солскјер го внесе во игра дури во 57. минута, резултатот тогаш беше 1:0 за домашниот тим, а осум минути подоцна Таунз израмни на 1-1.

Навивачите на Јунајтед беа шокирани кога Мина го постигна вториот гол за клубот од Ливерпул во 85. минута, но за среќа, по интервенцијата на ВАР, тој беше поништен.

Роналдо не направи ништо посебно во играта, но повторно се зборува за него и е една од главните теми на социјалните мрежи. Причината се костобраните!

Во моментот кога се подготвуваше да влезе во игра, ја прилагодуваше својата опрема и откри дека има специјално дизајнирани штуцни со неговиот лик на нив!

Социјалните мрежи веднаш се вжештија, многумина мислеа дека Португалецот уште еднаш покажал колку е егоцентричен.