Животот на Лео Меси – Роналдо и Џоковиќ се чудат, сака благо и скара, а ТВ не гледа!

Познато е дека е оженет, има три деца, а ова се дел од навиките и работите кои му се рутина.

– Штом се вратам дома, прво е да ги соблечам чевлите на влезот. Тоа го правам и кога ги посетувам другите. Тоа едноставно ми е навика – изјави во една прилика.

Неговото мени вклучува многу овошје и зеленчук, маслиново масло, но ништо не може без квалитетно месо.

– Бегам од се што е прскано или на кој било начин загадено со пестициди или хербициди. За професионалните спортисти, таа храна е „смрт“. Аргентинците и Уругвајците сакаат да јадат црвено месо наместо тоа. Мислам дека овие две нации јадат најмногу месо на светот, а на тоа треба да внимаваме – изјави италијанскиот нутриционист Џулијано Позер, кој своевремено соработуваше со Меси.

Меси сака скара, а една од омилените работи му е асадото. Тоа е еден вид аргентинско јадење на скара, додека често избира италијански тестенини. Исто така сака слатки.

Сладолед, чоколадо, колачи… Всушност се што е слатко“, откри Меси.

Најважната работа во животот на Меси е семејството. Лео има сопруга Антонела и три сина – Тијаго (9), Матео (6) и Ќиро (3).

– Ние не гледаме телевизија и не емитуваме ТВ канали. Евентуално само кога има натпревар. Остатокот од времето сакам да гледам серии на стриминг услуги. Воопшто не следиме обична телевизија – јасно објасни Аргентинецот.

– Немаме многу слободно време, но кога можам се трудам да го поминам играјќи си со децата. Сакаме да останеме дома и само да уживаме. На појадок секогаш ми се допаѓа целото семејство да биде заедно и секој да биде на своето место. Се восхитувам на мојата сопруга и на тоа колку добро ги организираше нашите животи. Секогаш е расположена и подготвена да помогне, а во исто време е многу интелигентна и ‘силна’ на многу полиња – зборуваше Лео за Антонела и децата.

На крајот на денот, Меси мисли на утре.

– Секогаш пред одење на спиење на масата оставам се што ми е потребно за утрешниот ден. Така влегувам подготвен во денот – едноставен е советот на Лионел Меси.