(ФОТО) Игра во голем клуб, заработува милиони, а се облекува како сиромашен!

Приказната за познатиот шпански фудбалер Хектор Белерин ја обиколи планетата.

фото: Profimedia

Белерин (27) многу се разликува од своите колеги. Шпанецот не носи скапа брендирана облека, како повеќето фудбалери, туку се облекува во продавници на „second hand“ – носи користена облека!

Фудбалерот на Арсенал, кој моментално игра како позајмен во Бетис, заработува околу 3,5 милиони евра годишно, но нема намера да ги дава парите на скапа облека.

Тој создава свој стил…..

“Од секогаш сум ја претставувал хип-хоп културата. И кажав на мајка ми, која купуваше облека, да ми купи широка облека. Сега создадов свој стил, носам само користена облека”, изјави неодамна фудбалерот.