(ФОТО) ХАОС во Јамајка – Атлетската легенда Усеин Болт остана без 13 милиони долари на сметката!

Loading

Легендарниот Усеин Болт се соочува со исчезнување на повеќе од 12,7 милиони долари од неговата сметка во инвестициска фирма од Јамајка.

Осумкратниот олимписки шампион бил информиран дека има само околу 12.000 долари на неговата сметка на Stocks and Securities LTD (SSL).

Зборуваше и Линтон Гордон, адвокатот на познатиот спортист.

,,Ќе одиме на суд за овој случај доколку компанијата не ги врати средствата што недостасуваат. Ова е големо разочарување и се надеваме дека работата ќе се реши на тој начин што господинот Болт ќе си ги врати парите и ќе може да живее во мир – изјави Гордон.

Компанијата SSL на 12 јануари објави дека се сомневаат дека поранешен вработен бил активен и дека сите информации биле пренесени на полицијата.

Оттаму додаваат дека презеле чекори за обезбедување имот и зајакнување на безбедносните мерки и протоколи.

Јамајканската полиција, исто така, објави дека нивните тимови за финансиски измами истражуваат сомнителни активности во SSL.

Освен Усеин Болт, компромитирани се сметките на уште неколку поединци.