(ФОТО) ЕВРО 2024: Ја претставуваме Групата Е каде се Белгија, Романија, Словачка и Украина

Loading

Вообичаено кога ќе завршат националните лиги, а потоа се играат финалињата на европските натпреварувања, љубителите на фудбалот добиваат шанса да здивнат, да се одморат до почетокот на ЛШ, европските и конференциските квалификации.

Но, годинава е поинаку, бидејќи оваа сезона ЕП започнува веќе на 14 јуни, а денеска ќе ја претставиме групата Е во која се Белгија, Словачка, Романија и Украина.

Белгија е јасен фаворит. Едноставно, добрите резултати од минатото и квалитетот на играчите им даваат за право на Белгијците да имаат надеж пред ЕП.

Тренерот Доменико Тедеску има многу опции во нападот и средниот ред, но ќе има проблем кога е во прашање голманската позиција, бидејќи Тибо Куртоа не може да му помогне на тимот поради проблеми со повреди.

Да се ​​играше само нападот, Белгија ќе беше еден од главните фаворити за освојување на ова првенство, но останува да се види како Белгијците ќе се прилагодат кога не се игра нивниот ритам.

Словачка е најлошо рангираната репрезентација во оваа група, но далеку од тоа дека нема на што да се надева. Имено, Словаците одиграа брилијантно во квалификациите, во кои завршија на второто место, зад Португалија.

фото: REUTERS

Иако се аутсајдери во групата Е, не треба да чуди доколку успеат да изненадат една од преостанатите три селекции.

Романија се пласираше на континенталното натпреварување како првопласирана селекција во групата Х. Десет меча не претрпе ниту еден пораз, а со 22 бода избори директен пласман на ЕВРО 2024.

ФОТО: AP

Од друга страна, Украина доживеа вистински тобоган за да стигне до Германија. По третото место во групата мораше да оди во баражот во кој најпрво се соочи со Босна и Херцеговина.

По 56 минути водеа Босанците, но со головите на Роман Јаремчук во 85-тата и Артем Довбик во 88 минута, Украина успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето на баражот каде се сретна со Исланд.

И повторно се виде истото сценарио. По половина час игра предност имаше Исланд, а Украинците најпрвин израмнија со голот на Виктор Циганков, а потоа во самиот финиш на мечот Михајло Мудрик ја однесе својата земја на Европското првенство во Германија.

ФОТО: УНІАН

Распоред на натпревари од – Група Е

1. коло – 17 јуни
Романија – Украина – 15.00 часот (Минхен)
Белгија – Словачка – 18.00 часот (Франкфурт)

2. коло – 21 јуни
Словачка – Украина – 15.00 часот (Дизелдорф)

2. коло – 22 јуни
Белгија – Романија – 21.00 часот (Келн)

3. коло – 26 јуни
Словачка – Романија – 18.00 часот (Франкфурт)
Украина – Белгија – 18.00 часот (Штутгарт)

Standings provided by Sofascore