Претставниците на ФИБА потврдија дека ќе се формира нова регионална лига во која ќе учествуваат само тимови од Екс-Ју просторите.
На Сојузите им беше запретено дека репрезентациите ќе сносат санкции во случај клубовите да не ја почитуваат оваа одлука на ФИБА.
Во март беше донесена одлука со која ФИБА повеќе не ја признава АБА лигата, а беше направен нов чекор во уништување на регионалната лига во сегашниот формат.
Веќе била донесена одлука од следната сезона клубовите од просторите на поранешна Југославија да играат во регионална лига која ќе ја контролира ФИБА и националните Сојузи.
Во оваа лига ќе може да играат само клубови од Словенија, Хрватска, БиХ, Македонија и Црна Гора.