Евролигата богата за уште еден НБА Ол Стар играч – Обрадовиќ ја активира новата бомба!

Loading

Активирана е нова бомба во кошаркарската Евролигата! Познатиот НБА кошаркар Кемба Вокер е новото засилување на Монако!

фото: Jacob Kupferman/Getty Images

Четирикратниот ол-стар играч ќе биде нов плејмејкер на тимот што од клупата го предводи српскиот селектор Саша Обрадовиќ.

Поранешниот играч на Шарлот, Бостон, Њујорк Никс, Далас не се занимава со НБА од јануари, па реши кариерата да ја продолжи во Европа.

Во 2011 година, Кемба Вокер беше драфтуван во првата рунда како деветти пик од Шарлот. Тој одигра повеќе од 750 натпревари во својата НБА кариера.

Во сезоната 2018/2019 ја имаше најимпресивната статистика во кариерата. Одигра 82 натпревари како стартер и имаше просек од 25,6 поени по натпревар.

Беше американски репрезентативец на Светското првенство во 2019 година, а претходно играше и за младинската селекција на својата земја.

Четири пати во кариерата беше избран за НБА Ол-стар во (2017, 2018, 2019, 2020 година).