Еве што изјави Дарко Панчев за 166-тото вечно дерби во српскиот фудбал!

Loading

Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Партизан во 166-то вечно дерби со резултат 2:0.

фото: Prinstcreen Youtube

Легендарниот голгетер на црвено-белите Дарко Панчев ексклузивно за српски курир ги сподели своите впечатоци по натпреварот.

“По долго време гледавме навистина добро дерби. Ова особено се однесува на Ѕвезда, која целосно доминираше во првото полувреме. Партизан се обиде да се врати во вториот дел, но Ѕвезда успешно го приведе мечот до крај. Ова е добро за првенството. Нè очекува исклучително интересна трка за шампионската титула“, изјави Панчев.